|
Дефинирање на поимите од насловот на книгата
СТРАТЕГИЈА: Насока и обем на работа на една организација/индустрија на долг рок, која достигнува конкурерентни предности (способности) за организацијата/индустријата преку употребата на ресурсите на организацијата/индустријата во променлива околина за да ги пресретне потребите на пазарите и да ги исполни очекувањата на заинтересираните страни (акционери, менаџери, вработени, влада, јавност). ИНДУСТРИЈА: Група фирми чии производи имаат многу слични карактеристики така што тие се конкурираат за исти купувачи ГЛОБАЛИЗАЦИЈА НА ПАЗАРИТЕ: Процес на размена (продажба) на производите на претпријатието низ целата земјина топка. КОНКУРЕНТНОСТ Способноста на компанија или нација да понуди на производи и услуги кои исполнуват стандарди за квалитет на локален или светски пазар, а кои можат да се натпреваруваат на пазарите за обезбедување адекватен поврат на користените или потрошените ресурси за нивно производство. Апстракт:Книгата ја образложува важноста на стратешкото планирање во подобрување на конкурентноста на претпријатијата и индустриските гранки за настап на глобалниот пазар. Индустрии го применуваат процесот на стратешко планирање како одговор на предизвикот на глобализацијата на пазарите и изострената конкуренција .Ваквите предизвици се поставени и пред текстилната индустрија во Република Македонија. Одржувањето и зголемувањето на конкурентноста на текстилната индустрија во Република Македонија на глобалниот пазар е поврзана со процесот на стратешко планирање и дефинираните стратешките цели за настап на глобалниот пазар. Користените податоци од истражувањата за состојбите во текстилната индустрија служат како основа за проценка на потребата за планирање на глобалната пазарна позиција на текстилната индустрија. Во рамки на трудот спроведено е истражување за согледување на размислувањата на менаџерите на текстилните претпријатија во однос на примената на стратешкиот менаџмент како алатка за подобрување на конкурентноста, како и ставовите за перспективите на текстилната индустрија на глобалниот пазар За авторот Ристо Иванов Содржина на книгата Цена:
Начин на испорака:
|
Публикација за резултатите од EU проектот Build Up Skills
ЗБК Креација Скопје беше партнер во македонскиот конзорциум за спроведување на проектот Build UP Skills MK,градење капацитети на вработените во градежниот сектор за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија Јуни 2012- Декември 2013. Извештајот за резултатите од проектот во земјите што го спроведуваа проектот.